Post Page Advertisement [Top]

Во овој #ТинЛексикон запознајте се со младите велосипедисти од Крива Паланка -  Евгенија, Виктор и Андреј. 

Е В Г Е Н И Ј А 


ЕВГЕНИЈА, 14 години

1. Од каде љубовта кон велосипедизмот?
Евгенија: Љубовта кон велосипедизмот ја имам уште како мала. Уште од првите возења велосипед  се чувствував поинаку, многу посреќна, повозбудена и возењето велосипед ми причинуваше најголемо задоволство. Со текот на годините почнав да сфаќам дека со велосипедот се почесто се дружам и станувам зависна на некој начин. Денес сум сигурна дека велосипедизмот е нешто во што се пронаоѓам и што навистина го сакам.
2. Колку време активно возиш велосипед? 
Евгенија: Околу две години активно возам велосипед.
3. Се сеќаваш ли на твојот прв велосипед? 
Евгенија: Првпат кога се качив на велосипед имав седум години. Велосипедот се сеќавам дека беше црвена боја, се уште го чувам, не е за употреба, но буди убави спомени.
4. Каков велосипед имаш во моментов? 
Евгенија: Моментално имам велосипед од марката CENTURION, поточно спаѓа во групата на CENTURION BACKFIRE PRO  велосипеди, германско производство. Овој велосипед има 27 брзини, исто така има pro crafter опрема и shimano опрема.
5. Која марка велосипеди ти е омилена и посакуваш да ја имаш?
Евгенија: Дефинитивно омилена марка ми е SANTA CRUZ.


6. Колку е важна опремата за еден велосипедист? 
Евгенија: Опремата за еден велосипедист е од голема важност. Доколку веќе си одлучен да се занимаваш со овој спорт, во прв план треба и да ти е опремата. Најбитно од се е заштитната опрема, посебно ако навлезеш во MTB (mountain biking) треба да се заштитиш себеси.
7. Што те најмногу нервира кога станува збор за возењето велосипед? 
Евгенија: Генерално нема ништо посебно што ме нервира, тоа го правам со љубов и желба. Така да нема причина за нешто да ме нервира.
8. Најдолга релација која ја имаш поминато со велосипед? 
Евгенија: Најдолгата релација што ја имам поминато со мојот велосипед е 40 km.
9. Да издвоиш некои од најадреналинските моменти што ги имаш доживеано со твојот велосипед? 
Евгенија: Со мојот велосипед вкупно имам поминато 1000 km. Овие 1000 km се полни со адреналин и незаборавни авантури. Но, сепак има околу 10 km што сакам да ги издвојам како авантура што секогаш кога ќе се спомне возење велосипед ќе се присетам на таа случка – кога по темно возевме во планина.
10. Дали имаш некој идол велосипедист и дали се гледаш во иднина како професионален велосипедист? 
Евгенија: Да, мојот идол е Fabio Wibmer како и Greta Seiwald. Се уште сум мала и на почеток, но во мојата визија се гледам како професионален успешен велосипедист.







В И К Т О Р



ВИКТОР, 14 години

1. Од каде љубовта кон велосипедизмот? 
Виктор: Љубовта кон велосипедизмот кај мене почнува уште од мали нозе.
2. Колку време активно возиш велосипед? 
Виктор: Веќе три години активно возам велосипед.
3. Се сеќаваш ли на твојот прв велосипед? 
Виктор: Имав шест години кога ми го купија мојот прв велосипед од марката CROSS. И ден денес го чувам како за спомен макар што не е во исправна состојба.
4. Каков велосипед имаш во моментов? 
Виктор: Во моментот имам професионален планински велосипед од една од најврвните марки во светот SPECIALIZED.
5. Која марка велосипеди ти е омилена и посакуваш да ја имаш? 
Виктор: Омилена марка велосипеди ми се YT, a YT CAPRA ми е велосипедот што отсекогаш сум сакал да го поседувам.


6. Колку е важна опремата за еден велосипедист?
Виктор: Опремата е многу важна, особено кога возиш по планина. Ти треба заштитна опрема како кацига, штитници, ракавици...
7. Што те најмногу нервира кога станува збор за возењето велосипед? 
Виктор: Најмногу ме нервира кога на сред пат на возење низ планина неочекувано ќе ти се дупне гумата. Тоа ми се има случувано безброј пати.
8. Најдолга релација која ја имаш поминато со велосипед? 
Виктор: Најдолга релација која ја имам поминато со велосипед е 48 km. Тоа беше интересен предизвик за мене!
9. Да издвоиш некои од најадреналинските моменти што ги имаш доживеано со твојот велосипед? 
Виктор: Еднаш кога возевме сите заедно задоцнивме и се стемни. Некои 10 km возевме во темно низ планина.
10. Дали имаш некој идол велосипедист и дали се гледаш во иднина како професионален велосипедист? 
Виктор: Мојот идол е велосипедистот Danny MacАskill од Шкотска. Искрено во иднина се замислувам како професионален велосипедист и се надевам дека ќе успеам во тоа.







А Н Д Р Е Ј


АНДРЕЈ, 14 години          

1. Од каде љубовта кон велосипедизмот? 
Андреј: Љубовта кон велосипедизмот се појави во мене откако сосема случајно видов како еден јутјубер правеше трикови со велосипед  и возеше многу брзо.
2. Колку време активно возиш велосипед? 
Андреј: Активно возам велосипед околу две години.
3. Се сеќаваш ли на твојот прв велосипед? 
Aндреј: Мојот прв велосипед беше наједноставен и најевтин. Во сеќавање ми е поради тоа што си ја имам скршено раката при пад од него. Сум имал седум-осум години, а марката мислам дека беше MAX.
4. Каков велосипед имаш во моментов? 
Андреј: Во моментот имам професионален планински велосипед за брзи спустови и разни трикови, марката е FOCUS и многу си го сакам.
5. Која марка велосипеди ти е омилена и посакуваш да ја имаш? 
Андреј: Омилена марка ми е SANTA CRUZ и посакувам да го поседувам SANTA CRUZ BRONSON.


6. Колку е важна опремата за еден велосипедист? 
Андреј: Опремата е важна од многу аспекти. Од мој поглед особено поради правењето на триковите и брзите спустови.
7. Што те најмногу нервира кога станува збор за возењето велосипед?
Андреј: Најмногу ме нервираат калливите патеки.
8. Најдолга релација која ја имаш поминато со велосипед? 
Андреј: Засега до Калин Камен.
9. Да издвоиш некои од најадреналинските моменти што ги имаш доживеано со твојот велосипед? 
Андреј: Да бидам искрен повеќето од моментите се адреналински, но како најадреналински би го издвоил денот кога со татко ми возевме на многу стрмни црни патишта со брзина од околу 45km/h.
10. Дали имаш некој идол велосипедист и дали се гледаш во иднина како професионален велосипедист? 
Андреј: Па имам многу идоли како Fabio Wibmer, Seth’s bike hacks, Danny MacAskill итн. И во иднина може да се каже дека се гледам како професионален велосипедист.


  






СИТЕ

 1. Се сеќавате ли на првиот пат кога заедно тројцата возевте велосипеди и до која релација? 
Да, тоа беше пред околу една година. Тогаш возевме до селото Варовиште, си поминавме лудо и незаборавно и оттогаш ретко кога не возиме сите заедно.
2. Колку често и до каде најчесто возите? 
Најчесто возиме летниот период затоа што сме повеќе слободни бидејќи не одиме на училиште. Летото возиме скоро секој ден, најчесто до манастирот Св. Јоаким Осоговски, а исто така возиме и на други релации.
3. Некои од поинтересните заеднички случки да ни раскажете, некои анегдоти?
Еднаш возевме и во еден момент почнавме да паничиме бидејќи помисливме дека сме се изгубиле, а всушност сме биле многу блиску до Осоговскиот манастир.
4. Дали имате некоја заедничка омилена песна што ја слушате/пеете додека возите? Најчесто ја слушаме Take the World (Let's Go) - The Phantoms.
5. Што би ги посоветувале оние кои сакат да почнат да возат велосипед малку поактивно од вообичаено? 
Ги охрабруваме да го земат велосипедот каква и марка да е и да возат. Прво до поблиски релации, а подоцна и на подалечни локации од нивниот дом. Нека не ги разочарува тоа што некој друг можеби има подобра марка велосипед, битна е желбата. Со текот на времето доколку навистина е голема љубовта кон велосипедизмот ќе напреднува и ќе се усовршува и самиот велосипедист.








No comments:

Post a Comment

| Designed by Colorlib