Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2020).  

Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.




Кога ќе се спомене Крива Паланка, првата асоцијација е манастирот  „Св. Јоаким Осоговски“ – најубавата локација за фотографирање во градот. Доколку сте турист  во ова мало гратче, Осоговскиот манастир е идеално место за фотографирање. Но,  ако не сте турист сигурно веќе имате мал милион фотографии направени токму на ова место. Во првата објава од Бложиќ за оваа сезона погледнете на кои локации ние фотографиравме во текот на изминатава 2019-та година, па можеби ќе ве инспирираме токму на некоја од нив да ја направите вашата следна (инстаграм) фотка. Започнува Бложиќ 2019/2020. Уживајте!

1. ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ВО  ЧУКА, СКАЛИТЕ И ТРЕМОТ
    Оваа локација е релативно блиску до центарот на Крива Паланка, а кај тремот можете да позирате со панорама од градот во позадина.



2. ГРАФИТИТЕ ПО КЕЈОТ НА КРИВА РЕКА
    Лично мене баш ми е мило што градот се разубави со графити во текот на изминатава година. Големо браво за уметниците чиешто дело се тие, а ние секако не пропуштивме да направиме кул фотки со позадини од овие уметнички дела.







3. ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ПО КЕЈОТ НА КРИВА РЕКА И ОКОЛИНАТА
    Покрај графитите, зеленилото веднаш до коритото на Крива Река како и разнобојните рози може да бидат идеална декорација за добра фотка.







4. СТАРАТА КУЌА
    Старата трошна куќа е една од нашите омилени локации за фотографирање особено  во пролет кога се расцутени багремите и ја дополнуваат идеално целината. Идеален декор беше и старото возило, но тоа веќе не е таму. Перфектна локација доколку сте фан на ретро фотките како Нина и Матеја (и јас).





5. АВТОПАТОТ И  МОСТОВИТЕ
    Погледнете дел од фотографиите направени на овие локации.






6. ИГРАЛИШТЕ
    Бетонското игралиште е идеално за moody фотки.




7. СТАРИОТ  ПАТ КОН МАНАСТИРОТ
    Дефинитивно нема подобра локација за есенски фотографии во градот од стариот пат кон Осоговскиот манастир.





















8. ЦРНИОТ ПАТ КОЈ ГИ ПОВРЗУВА СТАРИОТ И НОВИОТ ПАТ КОН МАНАСТИРОТ
    Доколку имате идеална светлина тука можете да направите супер фотографии.





9. НОВИОТ ПАТ КОН МАНАСТИРОТ
    Погледнете дел од фотографиите направени на овој пат.






10. ПРИРОДАТА НАД БАГЛАК
      Голем број од објавите, како и #ТинЛексикон со Ана (јануари 2019) и Сара (мај 2019) се фотографирани во преубавата природа што го краси ридот над населба Баглак.

Се надеваме дека веќе имате идеја каде да се насочите со апаратите/телефоните и да (се) фотографирате.


УШТЕ ОД БЛОЖИЌ 2019/2020:

БЛОЖИЌ #35 - Божиќ со Клаудија и Никола

БЛОЖИЌ #34 - Најстудената зима во мојот живот [втор дел]

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib