Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2018).  



Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на постовите се основаат на вашата креативност. 



Веќе сме на крајот на 2017-та година и време е за рецензија на истата.Секоја наредна година е поуспешна од претходната за блогот, па така и оваа. Не сакам лично да ја квалификувам со лоши епитети бидејќи сум благодарен и за убавите нешта што се случија во неа. Доколку сѐ уште не знаете што да си посакате за новата 2018-та година погледнете го видеото на Ана Бучевиќ (хиперлинк). Ви посакувам токму тоа што Ана го зборува во видеото да ве следи во новата 2018-та година. А сега да се вратиме на БЛОЖИЌ 6 и најдобрите нешта на блогот за 2017-та година. 

  • НАЈДОБРИТЕ ОБЈАВИ ЗА 2017 :

        1. Dobrovnica, Kriva Palanka / Добровница, Крива Паланка


Најпосетуваната објава за 2017г. е фото-експедицијата“ на селото Добровница, Крива Паланка. Годинава го посетив за прв пат после пет години и фотографиите собрани во овој пост пробудија најголем интерес за кликање на овој наслов. 

       2. CATS EDITION 9


Дефинитивно јули беше најуспешниот месец за блогот годинава, месецот започна со деветото издание со фотографии од мачки, едни од најпопуларните содржини на овој блог. Иако во 2017 успеав да направам само една ваква колекција, сепак 40+ фотографии кои се вклучени во овој пост беа доволни за целата година. 


Објавата што ја слави убавината на пролетта е третата најпопуларна објава за оваа година. 


 Фотографиите коишто ги направив во првите денови на 2017-та собрани во јануарската колекција посветена на зимата застанува на четврто место најпопуларни објави за оваа година.


 Во 2017-та Данбо стана дел од содржините на овој блог. Првите фотографии од другарувањата со Данбо влегуваат во ТОП 5 за 2017. Инаку 2017 не беше толку добра година за Данбо, бидејќи двапати си ја повреди главата за време на фотосесија. Инцидентите се случија за време на овие позирања :



       6. LANDSCAPES COLLECTION 4

       8. SARA 2017

      

  • НАЈДОБРИТЕ 35 ФОТОГРАФИИ ЗА 2017 : 




































 ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО :

  • #instagraphytk за учеството на изложбата во февруари 2017; 
  • #revosummer  кои повеќекратно објавуваа мои фотографии во нивните летни изданија;
  • #portretmagazin за објавувањето на моја фотографија во нивниот ноемвриски број;


  • Исто така се заблагодарувам на сите кои го читате и следите мојот блог, срцкате и репостнувате фотографии на инстаграм. Ви благодарам.

 Сепак 2017 го однесе дедо ми Доде, се надевам на подобро место. 🕯


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib