December 22, 2017

БЛОЖИЌ #2 - Праски колачи

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2018).  



Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова препразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на постовите се основаат на вашата креативност. 




 

Храната е една од главните преокупации  кога станува збор за празничните подготовки. Ако и вие сте љубители на слатките колачи еве  можност да научите како се прават таканаречените „ПРАСКИ“ колачи. 


Потребни состојки :                   

- 4 jajца                  
- 4 филџани шеќер
- 4 филџани зејтин
- 1 пециво
- 500(+-) грама брашно (онолку колку е потребно да се добие смеса за правење топчиња)
- 4 лажици шеќер и малку вода ( за шербет)
- џем
- црвена и портокалова боја за храна
- кристал шеќер 



Начин на подготовка : Јајцата се матат со 4-те филџани шеќер се додаваат зејтинот, пецивото и брашното. Од таа смеса се прават топчиња и се печат во рерна. Оладените испечени топчињата издлабнете ги со нож или лажичка. 







Трошките добиени од длабнувањето се потребни за филот. Со шербетот (направен од 4-те лажици шеќер и малку вода) се попаруваат трошките и им се додава џемот за да се добие густа смеса. 



           Со добиената густа смеса се полнат шуплините на две колачиња и се спојуваат за да се добие обликот на праска.





  Праските се мачкаат во боите за храна од двете страни и се валкаат во кристал шеќер.





                    



  За крај сакам да искажам голема благодарност до мајсторот на овие вкусни праски а тоа е мајка ми Благица.  


0 comments:

Post a Comment

Copyright © RK | Designed With By Blogger Templates
Scroll To Top