ПОВЕЌЕ ЗА КОНКУРСОТ ЌЕ ДОЗНАЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК:
КОНКУРС: „Вакри и Лапанка од Крива Паланка“ |
Новогодишна честитка
расказ за литературен конкурс „Вакри и Лапанка
од Крива Паланка“
20 декември. Вторник. Петтоодделенците од Крива Паланка
последниот час имаа ликовно. Задачата за тој час им беше да напишат новогодишна
честитка до непознато другарче од друго училиште. Потоа, наставниците требаше
да ги разменат честитките.
Во тоа одделение учеше и Лапанка. Лапанка беше најдобрата
ученичка во генерацијата. Но, верувале или не таа не знаеше што да му посака на
непознатото другарче. Долго размислуваше. Ако знаеше дека честитката ќе стигне
до момче, ќе му посакаше Дедо Мраз да му донесе силен автомобил. Додека пак,
ако знаеше дека ќе стигне до девојче, ќе му посакаше тоа да биде убава барбика
со многу елегантни фустани. Не знаејќи што да напише, остави празно место и
продолжи да ја украсува новогодишната честитка. Но, за кратко време чукна школското ѕвонче. Часот заврши. Па, Лапанка во
брзање напиша „здравје“. Да, на непознатото другарче му посака Дедо Мраз да му
донесе здравје. Здравјето е потребно и на момче, и на девојче – си помисли таа.
Ја стави честитката во плико и ѝ ја предаде на наставничката.
Помина една недела. Поточно, одговорите од непознатите другарчиња стигнаа на следниот час по ликовно – 27. декември. Кога наставничката го прочита името на Лапанка, таа целата се возбуди. Посака, да ѝ возвраќа девојче кое ќе ѝ посака Дедо Мраз да ѝ донесе мало сестриче или братче, или пак слатко кученце. Но, еве што пишуваше во честитката...
„Драга непозната другарке Лапанка,
Знај дека твојата новогодишна честитка пристигна во
вистински раце. И јас и мојот син од сѐ срце ти благодариме за желбата која ни
ја посака. И ние исто како и ти, си ја посакуваме истата бидејќи здравиот човек
има милон желби, додека болниот само една – да оздрави.
Но, ние сме оптимисти и ти ветуваме дека следната
новогодишна честитка ќе ти ја испратиме од училишните клупи, а не од болнички
кревет.
Од возбуда ќе заборавев, и двајцата сакаме лично да ја
запознаеме оваа искрена детска душа која ги стопли нашите срца и ни стркала
солзи радосници по образите.
Среќна Нова малечка и на тебе и на твоите родители.
Поздрав од Вакри и неговата мама“.
Откако ја прочита честитката, Лапанка целата трепереше. Не зборна ни збор. Очите ѝ се насолзија и со нетрпение чекаше да заврши часот и да си оди дома.
Кога си појде дома, и ја прочита новогодишната честитка
на мајка ѝ, на која исто така ѝ се насолзија очите, силно ја прегрна и ја бакна.
А татко ѝ? Тој го избра најслаткото кученце како новогодишен подарок за неа.
24 години
Прилеп
БЛОЖИЌ 2022/2023:
БЛОЖИЌ #74 - Божиќ со Сашко Митовски |
БЛОЖИЌ #73 - Мачки |
БЛОЖИЌ #72 - Дедо Мраз во Крива Паланка |
БЛОЖИЌ #71 - Најдоброто од 2022 |
БЛОЖИЌ #70 - „Промената може да биде тивка“ - Благородна Пешевски |
БЛОЖИЌ #69 - Не фрлај петарди! |
БЛОЖИЌ #68 - Новогодишниот базар и ХУМАНИТАРНАТА КУЌИЧКА (број 9) |
БЛОЖИЌ #67 - „2022 е феникс година за мене“ - Бети Стоилковска |
БЛОЖИЌ #66 - Крива Паланка навива за... |