Post Page Advertisement [Top]



20.01.2023

 

Навистина ми е мило за целата вложена креативност, труд и време. На различна возраст, од различна перспектива, секој на свој начин ги претставил Вакри и Лапака од Крива Паланка. Но, не е се до идејата, туку и до начинот на пренесување на истата. Првонаградениот и второнаградениот текст се откроија уште при првото читање и затоа одлучив авторите на овие текстови да бидат наградени со еднаква награда, односно книги во вредност од 1000 денари. Ми беше потешко да го одредам третонаградениот текст бидејќи барем половина од останатите текстови заслужуваа да го заземат третото место. Ми беше тешко, но и уживав препознавајќи ја вашата креативност во речениците преку кои сакате да искажете нешто подлабоко од самите зборови, но на крајот непристрасно донесов одлука.

 


прва награда (книга/и во вредност од 1000 денари) – авторМаја Трајковиќ, 47 години, Скопје.


втора награда (книга/и во вредност од 1000 денари) – авторМетодија Тасевски, 17 години, Скопје.


трета награда (книга/и во вредност од 300 денари) – авторЉубица Трајкоска, 24 години, Прилеп.


Честитки!

 

Уште еднаш голема благодарност до сите кои вложивте труд во овој конкурс. Пристигнаа вкупно 18 текстови.

Жал ми е што не може сите да добијат награда, понекогаш мора да се прилагодиме според правилата.

Наградените три ќе бидат објавени следниве денови на блогот.

Околу подигнувањето на наградите ќе се договориме на мејл.

 

Поздрав и се најдобро,

Роберт

___________________________________________________________________________________

 

20.12.2022


По успешно спроведените литературни конкурси од последните две сезони на Бложиќ, одлучив и оваа година да продолжиме во истата насока.


Овој пат насловот е „Вакри и Лапанка од Крива Паланка“.


- Во рамките на горенаведената тема, имате потполна слобода да ја изразите вашата креативност преку пишан текст.

- Ја имате слободата да ги скроите идентитетите на имагинарните ликови Вакри (машко) и Лапанка (женско).

* Дејствата можат, но и не мораат да се одвиваат во Крива Паланка. 

* Дејствата можат, но и не мораат да се новогодишни, односно празнични.


- Вашите текстови треба да ми ги испратите во Word документ и не треба да надминуваат повеќе од  четири страници, со Arial фонт 12 и проред  1,5.

- Внимавајте на правописот и пишувајте исклучиво на македонски јазик.

- Текстовите испраќајте ги на следниот мејл:najstudenatazimavomojotzivot@gmail.com најдоцна до 15.01.2023 (23:59).

- Исто така во документот наведете го вашето име и презиме, години и град на живеење.


Награди:

I награда – книга/и во вредност од 1000 денари

II награда – книга/и во вредност од 500 денари

III награда – книга/и во вредност од 300 денари

 


Наградените текстови исто така ќе бидат објавени на блогот во склоп на Бложиќ.

Доколку имате некои прашања слободно обратете ми се на социјалните мрежи.

 


Среќни празници,

Роберт


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib