Post Page Advertisement [Top]


    Ден по ден, месец по месец, година по година денеска стигнавме до петтиот 29-ти април од почетокот на постоењето на овој блог. Низ изминатите пет години блогот се менуваше од фотографија до фотографија, од објава до објава, се развиваше како визуелно така и содржински.

  Првите години најпопуларните објави и содржините по кои блогот беше препознатлив беа  токму фотографиите од мачки (CATS EDITION 1, CATS EDITION 2, CATS EDITION 3, CATS EDITION 4, CATS EDITION 5, CATSEDITION 6, CATS EDITION 7, CATS EDITION 8, CATS EDITION 9 & CATS EDITION10). Животните и природата се едни од основните содржини на овој блог, но објавата која даде еден нов почеток на историјата на блогот е Dobrovnica, Kriva Palanka, Macedonia | Добровница, Крива Паланка,Македонија и од тој јулски ден на 2017-та  започна една нова ера за самиот блог. Во текот на 2018-та новите содржини значително го подобрија и зацврстија квалитетот на самиот блог. Cо тоа придонесоа за развој на истиот, а 2018-та застана на врвот како најуспешна година од изминатите пет.

  Во текот на изминатите пет години блогот го красат вкупно 162 објави, а едни од најпознатите лица низ фото сесиите се токму Сара и Вероника. Сите нивни појавувања низ блогот можете да ги најдете на едно место во БЛОЖИЌ #18 – Времеплов: Вероника x Сара.



„Среќен 5-ти blog birthday на мојот најдобар фотограф ever! Уште многу години да има прекрасни содржини како и фотографии кои носејќи приказна во себе го прикажуваат светот каков што навистина е.“ - Сара
                                                                                                                     
  Вака Сара го честиташе овој љубилеј, а како лични фаворити ги издвојува содржините со фотографии од мачки бидејќи е голем љубител и пријател на животните. Од останатите содржини Сара го издвојува картонското роботче Данбо бидејќи самиот Данбо беше роденденски подарок од неа (Danbo|Данбо). Како што напомена во честитката фотографиите кои носат приказна секогаш „иго фаќаат окото (People|Луѓе). Од фото сесиите на Вероника, Сара ја издвојува есенската фото сесија VERONIKA 🍁 autumn 2018, а од своите Сара ја посочува SARA 2017 за омилена.



„Посвети се на секоја креативна идеја, надмини го стравот, насмевни се и бори се да ја реализираш и да го живееш сонот. Среќен 5-ти роденден на твојот блог.“ - Вероника

  Вака гласи честитката на Вероника која исто така е љубител на животните. Таа ги истакнува објавите за кучињата Буба и Клапчо (БЛОЖИЌ #19 – Буба и Клапчо) и слониците Дуња и Даела (БЛОЖИЌ #11 – Дуња и Даела) како омилени, поддржувајќи го и првиот гостин во рубриката КП ликови – Стефан Станоевски поради неговата љубов кон животните. Од останатите содржини Вероника ја издвојува Ѓаволешката карпа (Ѓаволешката карпа во Крива Паланка) и објавата за фабриката „Карпош“ (ТРО„КАРПОШ“ – ехото на Крива Паланка) како дел од објавите кои предизвикале најголем интерес кај неа. Првата заради мистериозноста на самото место, а втората објава поради можноста да дознаеш нешто повеќе за блиското минато на Крива Паланка.



  Благодарам на сите кои во текот на овие пет години барем еднаш сте кликнале да прочитате/погледнете некои од содржините кои го красат блогот од мај 2014-та па се до ден-денес. 


  Оваа година роденденската седмица почнува денес, во текот на овие седум дена ќе ги дознаете и омилените објави на Ана како и нејзината честитка по овој повод, а и еден нов гостин во рубриката КП ликови ќе ја затвори роденденската седмица.



  Ви посакувам се најдобро!

    Роберт

   29-ти април 2019

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib