Post Page Advertisement [Top]



#ТинЛексикон е рубриката која ја одбележа последната година од постоењето на овој  блог. Во ова специјално роденденско издание, тинејџерите одговараат на лексиконски прашања поврзани со денот што најмногу се очекува во годината, односно роденденот. Уживајте!


Ана Георгиевска

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Ана: Зборот роденден ме асоцира на посебен ден, забава, поминување време со најсаканите и слично.
- Омилена торта?
Ана: Како обожавател на слатките работи имам повеќе омилени торти како на пример чоколадна торта, торта над тортите, принцеза торта и други.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Ана: Верувам дека секоја желба која навистина ја посакуваме може да се исполни доколку силно веруваме во истата.


 Сара Николовска

- Омилена торта?
Сара: Чоколадна.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Сара: Да, верувам. Ми се имат исполнето дел од нив.
- Роденденот што секогаш ќе го памтиш и зошто?
Сара: Секој роденден е посебно доживување бидејќи го чекам тој ден цела година.


Матеја Цветковска

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Матеја: Секој човек се раѓа на посебен ден. Некој сака да го прославува роденденот, но некој и не ужива многу во тоа. Роденденот е всушност едно преубаво чувство, една прееубава емоција. Забава, смеа, играње, пеење... Нешто што се случува еднаш во годината и по некој период буди убави спомени и емоции во нас.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Матеја: Кога свеќичките се гаснат сите замислуваме желба. Искрено не верував во тоа баш, но сепак имам одредени желби кои ми се имаат исполнето.
- Што најмногу, а што најмалку ти се допаѓа кога станува збор за твојот роденден?
Матеја: Најмногу во врска со роденденот ми се допаѓа тоа што сите се собираме на едно место и заедно се забавуваме, не ми се допаѓа организирањето, бирањето облека, торта и сите тие работи кои знаат и да бидат исцрпни. Но, сепак и во тоа треба да уживаме додека можеме бидејќи и тоа е дел од забавата.


Маја Тасевска

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Маја: На јадење торта.
- Што најмногу, а што најмалку ти се допаѓа кога станува збор за твојот роденден?
Маја: Најмногу поради подароците и вниманието, а најмалку бидејќи е распуст и скоро секоја година се случува нeкои од поканетите гости да се на одмор.
- Роденденот што секогаш ќе го памтиш и зошто?
Maja: Роденденот кој го славев во Битола бидејќи се видов со најблиските роднини.


Анастасија Стојановска

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Анастасија: Кога ќе го слушнам зборот „роденден“ прво ми доаѓа на памет мојот датум на раѓање или постоењето на некоја личност ако се работи за туѓ роденден.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Анастасија: Да, јас верувам во замислување на роденденските желби, иако никогаш досега не ми се исполниле.
- Што најмногу, а што најмалку ти се допаѓа кога станува збор за твојот роденден?
Анастасија: Најмногу што ми се допаѓа за мојот роденден е организацијата и забава. Но, поради ситуацијава со епидемијата мојот последен роденден не го прославив со пријателите, туку дома.


Марија Стефановска

- Омилена торта?
Марија: Омилена ми е чоколадната торта.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Марија: Јас лично не верувам во желбите кои се замислен додека се дуваат свеќичките. Но, тоа не значи дека вие не треба да верувате.☺
- Омилен добиен роденденски поклон?
Марија: Омилен роденденски подарок досега ми е мобилен телефон.


Ивона Петровска

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Ивона: Ме потсетува на забава.
- Што најмногу, а што најмалку ти се допаѓа кога станува збор за твојот роденден?
Ивона: Не ми се допаѓа што роденденот ми е во зима.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Ивона: Верувам, но не секогаш ми се исполнуваат 😟


Ана Велковска

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Ана: Кога слушнеме за роденден, сите помислуваме на ден кога некој е роден. На тој ден се слави и весели и сите се среќни бидејќи прослуваме уште една година од нашиот живот.
- Што најмногу, а што најмалку ти се допаѓа кога станува збор за твојот роденден?
Ана: Јас околу родендените најмногу ја сакам организацијата. Обожавам кога нешто треба да се организира и да биде до некој степен совршено. Сакам да избирам разни балони, дезенот на тортата, темата на која ќе биде роденденот, местото каде ќе се слави.. .И истите тие работи да се наместат и да изгледа прекрасно.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Ана: Да, јас верувам во роденденски желби. Ако веруваме и бидеме реални тоа ќе се оствари.


Евгенија Бошковска

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Евгенија: Секогаш кога ќе го слушнам зборот роденден ме обливаат позитивни емоции бидејќи роденденот според мене е најубавиот ден во годината. Тоа е денот кога сите луѓе кои ги сакам се собрани на едно место, тоа е денот кога можам да си замислувам желби и да верувам во се што ќе посакам со надеж дека ќе стане реалност.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Евгенија: Јас секогаш кога замислувам желба верувам во тоа дека ќе ми биде остварена и всушност, најголемиот дел од желбите ми биле остварени што уште толку ме поттикнува да верувам во роденденската магија.
- Омилен добиен роденденски поклон?
Евгенија: Омилен роденденски подарок што го имам добиено досега е мојот велосипед. Toa всушност е една од најголемите роденденски желби која ми се има остварено досега бидејќи велосипедизмот е моето омилено хоби и ме исполнува целосно. Затоа за некој како мене, да се добие на подарок таков велосипед е најубавото изненадување и остварување на сите соништа.


Виктор Петковски

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Виктор: За мене зборот роденден ми дава чувство на среќа, радост, другарство бидејќи тоа е најубавиот ден за мене. Тоа е денот кога се собираат сите мои другари и другарки за да го прославиме роденденот. Ги дуваме свеќичките и ги замислуваме желбите.
- Омилена торта?
Виктор: Мојата омилена торта е чоколадната бидејќи мислам дека има најубав вкус.
- Кога свеќичките се гаснат, желби се замислуваат. Дали веруваш во роденденските желби и дали ти се исполниле?
Виктор: Верувам во остварување на замислените ронденденски желби бидејќи речиси секоја замислена желба ми е исполнета.



Марио Петковски

- Што прво ти паѓа на памет кога ќе го слушнеш зборот „РОДЕНДЕН"?
Марио: На прекрасно чувство, ме асоцира на многу убава прослава и дружење со пријателите.
- Роденденот што секогаш ќе го памтиш и зошто?
Марио: Секој роденден ми претставува ново изненадување, секој роденден за мене е посебен на некој свој начин.
- Омилен добиен роденденски поклон?
Марио: Мојот омилен роденденски поклон е кученцето Цезар.


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib