Post Page Advertisement [Top]


Денеска е денот! Денес го одбележуваме шестиот 29-ти април од постоењето на овој блог. Сакам да изразам голема благодарност до сите оние кои биле дел од досегашните содржини, оние кои барем еднаш кликнале да прочитаат некоја објава и на сите оние кои на било кој начин допринеле за развој на самот блог. Во продолжение прочитајте ги честитките кои ги упатија некои од личностите кои веќе ги имате видено низ содржините во претходниве шест години.


„Среќен 6-ти blog birthday! Уште многу фотосесии и големи успеси. “ – Сара


„Среќен, најсреќен роденден на блогот. Посакувам уште многу успеси и продолжи како и до сега – верувам во тебе.“ – Вероника


„Среќен 6-ти роденден на блогот и посакуваме уште многу успешни години. Благодарни сме за досегашните и се надеваме за уште соработки за во иднина! Наздравје!“ – вака гласи честитката од Клаудија и Никола.


„6 години како овој блог чекори по правиот пат, патот на успехот. 6 години како овој блог ја покажува моќта на фотографијата. 6 години поминати, да се надеваме и на 66! Среќен роденден на овој блог.“ – Ана Георгиевска


„Нека идните години донесат нови доживувања кои ќе вродат со поголеми успеси. Среќен роденден на блогот.“ – Сара


„Првото искуство со професионално фотографирање ми го овозможи баш Роби и многу ми е мило поради тоа. Сакам да го честитам шестиот роденден на блогот и се надевам и посакувам уште поголеми успеси во она што го работиш и што знаеш често да направиш да незабавува нас гледачите и читателите.“ – Матеја


„Среќен шести роденден на блогот. Посакувам уште многу успешни содржини.“ – Маја


„Го честитам овој јубилеј на блогот и посакувам уште безброј успеси понатаму.“ – Анастасија


„Шест години исполнети со среќа, смеа и многу успеси. Прекрасни фотографии, задоволни клиенти кои го поддржуваат фотографот со учество во реализирање на сите инспиративни идеи. Посакувам среќен роденден на блогот и уште безброј прекрасни објави на интересни теми“ – Марија


„Ти посакувам уште многу успешни години во блогерството и забавни фотосесии. Среќни шест години постоење на блогот.“ – Ивона


„Не се само годините кои се бројат, сеќавањата се побитни. Среќен роденден на твојот блог.“ – Ана Велковска


„Среќен 6-ти роденден на блогот. Посакувам многу успеси во иднина.“ – Евгенија


„Среќни 6 години постоење на твојот блог. Уште многу успеси.“ – Виктор


Ти посакувам уште многу интересни и успешни содржини, како и досега.“Марио

И за крај, неизмерно благодарам за сите убави зборови.

Роберт

29.04.2020

RK6


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib