Post Page Advertisement [Top]

 


Денеска мојот блог robertkrstevski.blogspot.com полни десет години. 

Во продолжение издвојувам десет важни поглавја од изминатава деценија постоење.


1. Почеток и CATS EDITION(S)

- Во првите три години од постоењето на блогот, објавите со фотографии од мачки беа најпопуларна содржина. Последната објава од ваков тип - CATS EDITION 15 излезе во март годинава, а првaта објава со фотографии од мачки датира од септември 2014.


2. Добровница, Крива Паланка

- Во јули 2017-та објавата посветена на селото Добровница беше почеток на една нова ера за блогот, односно воведување нови содржини.


3. БЛОЖИЌ (2017-2023)

- Првата и најобемна рубрика што ја имам воведено е предбожиќното блогирање кое брои 75 објави со различни содржини во своите шест сезони постоење.


4. КП ЛИКОВИ и други интервјуа

- Летото 2018-та излезе првото интервју на блогот под рубриката КП ЛИКОВИ/(КП АРТ). Интервјуата се најпрегледувана содржина и ден-денес се застапени на блогот, но не секогаш под гореспоменатата рубрика.


5. ТИН ЛЕКСИКОН (2019-2020)

- 2019-та беше последна „тин“ година на овој век и од идејата да бидеме покреативни настана рубриката #ТинЛексикон, придружена со фотосесии и омилени нешта на тинејџерите.


6. „НЕ БИДИ БУЛИВЕР“ – септември 2019

- Заедно со тинејџерите застанавме против врсничкото насилство и добивме голема поддршка.


7. ГРАДОТ СО ВКУС НА СИМИТ

- Содржините од Крива Паланка обединети под хаштагот #ГрадотСоВкусНаСимит.


8. КОНКУРСИ

- Како дел од БЛОЖИЌ, реализирав и три литературни конкурси.


9. ИЗЛОЖБИ СО EUROPE HOUSE KRIVA PALANKA

- Реализиравме вкупно три изложби во соработка со Europe House Kriva Palanka.


10. ВИ БЛАГОДАРАМ

- Благодарам на сите кои со било каква интеракција покажале интерес и поддршка кон некоја од содржините на овој блог.

 

Роберт

29.04.2024


BLOG BIRTHDAYS:


🎂 9


🎂 8


🎂 7


🎂 6


🎂 5


🎂 3

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib