„Симит“ е печиво со карактеристичен мирис, форма и вкус. Во минатото, паланчани често носеле симит каде и да оделе на гости, во или надвор од кривопаланечко. Ова печиво со карактеристичен мирис ги пренесувало топлите и срдечни поздрави кои кривопаланчани ги упатувале кон своите роднини или пријатели. Денес, старите велат дека вистинскиот мирис на кривопаланечкиот симит останал таму некаде во тие години, но формата е непроменета. За среќа, некои локални фурни сè уште го произведуваат „срцето на Крива Паланка“ и со секој отчук се доловува барем залче вкус од времето кое го дефинирало духот на градот.