Post Page Advertisement [Top]

 



Оваа објава требаше да излезе на први јануари, но НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА!

Никогаш не е доцна да се послушаме себеси и чекор по чекор да сме поблиску до донесување одлуки кои се складни со внатрешното јас.


Ако за тоа треба многу време... ДА СЕ НАУЧИМЕ ДА БИДЕМЕ ТРПЕЛИВИ!

Ако се стремиме кон големи промени во животот и нѐ фаќа страв да им погледнеме во очи, да започнеме со правење мали промени кои ни причинуваат задоволство и нѐ охрабруваат кон пуштање што поголем чекор. Нештата секогаш се случуваат во вистинско време, а верувајте и голем благослов е ако не се случиле кога ние најмногу сме ги посакувале.


Сѐ (не) се случува со причина, А ПОСЛЕДИЦАТА?

Имам читано дека гневот е најлошата емоција, огорченост која ја чувствуваме кога сме беспомошни. Не ни е потребен гневот, ниту било која друга негативна емоција! Да, сите ние чувствуваме негативни емоции, и тоа е нормално, но не мора да ги задржуваме! Не мора да простиме, заборавот уште повеќе не може да го искорениме, но ослободувањето на душата од негативна тежина е нешто што треба да му го овозможиме на нашиот дух.


АЈДЕ ДА СЕ ЛЕЧИМЕ!

Да започнеме прво да се почитуваме како луѓе и секој проблем да го решаваме на човечки начин. Толку многу нешта нѐ делат и етикетираат што хуманото во нас одамна го изгубило врвот на хиерархијата човекови квалитети. Да си подадеме рака и без предрасуди да градиме среќна и здрава средина за сите. Луѓе сме, грешиме, правиме проблеми...но, луѓе сме – на мирен начин, со убав збор решаваме сѐ. Да се извинуваме, да не се повредуваме, искрено да се пофалиме кога треба, да си дадеме поддршка, да комуницираме на културен и цивилизиран начин и да им споделуваме на луѓето кои ни значат какво влијание имаат врз нас додека се тука и можат да го слушнат тоа, а не кога ќе починат да се опростуваме со убави цитати на социјалните мрежи.


ПОМАЛКУ FaceApp, ПОВЕЌЕ САМОДОВЕРБА!

Кога сме кај социјалните мрежи, апликациите за разубавување го достигнуваат пикот во својата негативна крајност. Никој не изгледа во реалниот живот онака како што се прикажува на инстаграм – тоа го трубиме веќе со години! Заборавете на тие филтри за разубавување или барем да започнеме со помал процент на аплицирање на истите. И верувајте, колку повеќе се опуштаме и колку повеќе сме си вистинските ние во реалниот живот, а и на социјалните мрежи, толку послободно и посамоуверено ќе се чувствуваме.


И не на последно место – ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ЖИВОТНИТЕ! Да не ги убиваме, доколку сме во можност да им помогнеме, а доколку не – да не им одмагаме.


Ви благодарам што и оваа сезона го следевте Бложиќ. Тука ја завршуваме оваа шеста сезона по ред, а  победниците од литературниот конкурс „Вакри и Лапанка од Крива Паланка“ и нивните текстови ќе може да ги прочитате наскоро на блогот.


Роберт.


БЛОЖИЌ 2022/2023:


БЛОЖИЌ #74 - Божиќ со Сашко Митовски


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib