Post Page Advertisement [Top]


Оваа тинејџерка е среќната добитничка во првиот #ТинЛексикон GIVEAWAY по повод почетокот на новата учебна година како и борбата против врсничкото насилство, односно булинг [НЕ БИДИ БУЛИВЕР]. Во продолжение дознајте нешто повеќе за неа.


1. Име: Ивона
2. Години: 14


3. Хороскопски знак: Стрелец 


4. Омилено годишно време: Лето


5. Омилен ден од седмицата: Петок 


6. Омилен предмет во училиште: Англиски јазик


7. Омилена песна: Britney Spears - Criminal
 8. Омилен пејач/пејачка/група: Немам


9. Омилен спорт: Одбојка 


10. Омилена активност во која уживаш: Актерство


11. Омилена книга/лектира: „5 минути“ - Сузана Турунџиева


12. Омилена социјална мрежа: Дефинитивно инстаграм 


13. Омилено животно: Куче


14. Омилено јадење: Тестенини 


15. Омилен јутјубер/ка: Brent Rivera


16. Кој град и која држава би сакала да ги посетиш: Мајами, Флорида


17. Омилена боја: Црна 


18. Кои карактеристики треба да ги поседува личноста за да ти биде пријател?
- Пред се треба да биде личност на која можам да и се доверам, личност која ќе се радува на моите успеси како и на сопствените. Пријателите никогаш не ги избирам по раса, вера, возраст.. туку според одредена хемија, хемија која ме поврзува со нив.


19. Што имаш да кажеш на тема булинг или врсничко насилство? 
- Булингот, односно врсничкото насилство е тема која многу ја избегнуваат за дискусија, но напротив булингот не треба да се премолчува - сите треба отворено да зборуваме. Булингот најчесто се врши врз оние кои се помирни и физички послаби,оние кои се поразлични во нешто од другите. Дали тоа ќе биде физичкиот изглед, облеката која ја носат или пак материјалната состојба во која се наоѓаат. Булингот се појавува во различни облици, а најчесто е сајбер-насилството кое всушност се изведува со помош на интернетот преку праќање на заканувачки пораки, објавување на ваши фотографии со несоодветна содржина и слично. Затоа потребно е прво ние децата, а потоа и родителите и професорите да алармираме против врсничкото насилство кое може многу да влијае врз нашиот раст и развој.   


20. Неисполнета желба: Патување на некоја егзотична дестинација.



No comments:

Post a Comment

| Designed by Colorlib