Post Page Advertisement [Top]


Во овој #ТинЛексикон го славиме пријателството со најдобрите другарки Сара и Анастасија.


„Пријателот е оној кој е со тебе кога целиот свет не е.“ – Грејс Пулпит


 - Другарството помеѓу Сара и Анастасија трае веќе девет години.



- Околу година и повеќе се неразделни најдобри другарки.



Пријателот е едно од најдобрите нешта што можете да ги имате и едно од најдобрите нешта што можете да бидете.“ – Даглас Пеглс


 - Анастасија ја опишува својата најдобра другарка Сара како интересна, енергична, харизматична личност со која никогаш не е досадно.


 - За главна причина зошто Сара го зазема местото на најдобра другарка, Анастасија ја посочува искрената поддршка која ја добива од нејзина страна.


Пријатели доаѓаат и си одат, но оние вистинските секогаш се тука.


- Сара ја опишува Анастасија за забавна, искрена, емотивна личност која исто така и пружа поддршка и секогаш е тука за неа кога и е потребно.


- Нивното пријателство се заснова на искреност и взаемна поддршка.


„Мој најдобар пријател е оној којшто го вади најдоброто од мене.“ Хенри Форд



 - Сара вели дека најголема мана на Анастасија и' е доцнењето.




 - Анастасија како најголема мана на Сара ја посочува лутината, но вели дека знае како да се справи во такви ситуации.



  
- Велат дека често знаат да немаат исто мислење за одредени нешта, но ништо не е толку силно да го загрози нивното пријателствo.



 „Најдобар пријател: оној на кого не можеш да му бидеш лут долго бидејќи имаш важни работи кои мора да му ги кажеш.“


 - Имаат многу интересни ситуации поминати заедно, но велат дека сакаат да си ги зачуваат за нив.



- Нема табуа помеѓу нив и си ги чуваат меѓусебните тајни.


- И за крај како заедничка омилена песна ја посочуваат „Горе или доле“ од DNK.


„Работите никогаш не се толку страшни кога имаш најдобар пријател.“ – Бил Ватерсон



No comments:

Post a Comment

| Designed by Colorlib