RK

Robert Krstevski

НАЈДОБРОТО ОД 2019

Explore Kriva Palanka | Истражи ја Крива Паланка

Animals | Животни

Post Page Advertisement [Top]


              Одиме на училиште за да учиме, другаруваме, растеме, созреваме, но не  и да трпиме навреди само затоа што сме поразлични од другите, да губиме самодоверба, да трпиме физичко или вербално насилство и да бидеме нечија жртва.  Денес веќе сите знаеме што означува зборот БУЛИНГ или врсничко насилство. Овие храбри тинејџери решија храбро да се борат против булингот и да покажат дека не треба да се молчи и не треба да си го уништуваме животот заради некој Буливер (личноста што врши булинг). 

➤ КОЛКУ КИЛА ИМАШ?

         Во ред, знаеме дека правилно е „Колку килограми имаш?", но Буливер од нашата околина  не знаел за зборот „килограм". Ние никогаш не сме се осмелиле да го поправиме, дури сме му дозволиле да ни ја сруши самодовербата. Повеќе НЕ! Не сме должни заради прекумерната тежина да трпиме навреди!


       ➤ НЕ ГИ НОСАМ НАОЧАРИВЕ ЗАРАДИ УБАВИНА!

         Денеска носењето наочари за вид во училиште не е ништо чудно, но и понатаму постои тешко прифаќање кај самата личност кога станува збор за јавно појавување со истите. Им треба време за да ги прифатат очилата како постојан дел од нивниот живот и нивното секојдневие. Самиот факт што речиси сите тинејџерки вклучени во оваа објава носат наочари, но не сакаат да се фотографираат со нив кажува доволно. Буливер не знаел дека ова се наочари, па ги нарекувал „тегли“, а ние сме му дозволиле да ни ја сруши самодовербата. Повеќе НЕ! Маја беше најхрабрата и застана зад реченицата „НЕ ГИ НОСАМ НАОЧАРИВЕ ЗАРАДИ УБАВИНА!“ 


➤ ЏАБЕ ТИ Е ПРАВИЛНИОТ ИЗГОВОР КОГА ГО КОРИСТИШ ЗА ДА НАВРЕДИШ НЕКОГО

        Учениците кои имаат проблем со изговорот најчесто имаат проблем и со самодовербата. Не се осмелуваат да проговорат пред соучениците мислејќи дека целиот клас ќе им се изнасмее и најчесто одлучуваат да молчат. Трпат,  иако знаат дека научиле за поголема оценка, понекогаш ќе ја прифатат помалата само и само да не одговараат пред целиот клас и да не бидат предмет на потсмев. И се тоа благодарение на Буливер, затоа што еднаш им се насмеал и ги искарикирал поради тоа што имаат поразличен изговор од останатие ученици. Тие не биле безобразни како него и не му возвратиле со навреди, молчеле и дозволиле Буливер да им ја убие самодовербата. Повеќе НЕ! Марија има доволно храброст да се спротивстави и да застане во заштита на сите ученици со овој проблем.


По пораките кои ги изнесовме против булингот време е за #ТинЛексикон и back to school прашања. Ана, Сара и Матеја веќе ги знаете, запознајте се и со Анастасија, Маја и Марија.















 Имаме уште неколку пораки за вас ученици:





                            Матеја ги обожава животните. 


➤ GIVEAWAY

Кликнете на оваа инстаграм објава или на мојот профил @robkrst и дознајте ги правилата.






🎉 #ТинЛексикон GIVEAWAY [САМО ЗА ТИНЕЈЏЕРИ] 🎉 Освој бесплатна фотосесија и биди следниот гостин во #ТинЛексикон. 🔥 Направи ги следниве чекори: 1. Лајкни ја оваа објава. 2. Заследи ме мене @robkrst 3. Заследи ги @georgievskaa.a и @nikolovska3007 4. Напиши го твоето име и презиме во коментар на оваа објава. 🔥ВАЖНО: Може да учествуваат само тинејџери (13 - 19 години) од Крива Паланка и околината. ❎ Не може една личност да учествува од повеќе профили. ❎ Не е дозволено учество од лажни профили. 🆓 КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е 13.09.2019, 15h! #robertkrstevski #giveaway
A post shared by RK (@robkrst) on




СРЕЌНА НОВА УЧЕБНА ГОДИНА УЧЕНИЦИ И НЕ БИДЕТЕ КАКО БУЛИВЕР!



No comments:

Post a Comment

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib