За втора година по ред,
Светскиот ден на лицата со попреченост
беше повод да се одржи вчерашниот настан во The Countryside,
во близина на Ранковце.
Присуствуваа лица со попреченост од повеќе градови од државата. Покрај министерот за земјоделство, градоначалникот на Ранковце и претставниците од Европската куќа и ЕУ делегати, оваа година присуствуваа гости од Србија и Бугарија и други пријатели и поддржувачи на ранчот The Countryside.
За забавниот дел од настанот беше задолжена пејачката Наталија Данаилова како и музичарите Ален, Душан и Дејви. За уметничкиот дел, и оваа година како и минатата, задолжени беа ученици од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ од Скопје. Додека пак богатата вегетаријанска трпеза беше дело на ученици од Кратово под менторство на нивниот професор Младен Мицевски.
Еднаквоста царуваше на сите можни полиња.
Ти благодариме Мариа Дуда 💕
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
The Countryside: СИТЕ НИЕ СМЕ ЕДНАКВИ! 2021 |
The Countryside: Мариа Дуда - „Љубовта кон животните е убава карма“ |