Post Page Advertisement [Top]


ОДА НА ДЕТСТВОТО 

Една мудрост, вака учи: 
- Човек, тоа - гордо звучи! 

Ти чекориш, дете - браво; 
биди среќно, гордо, здраво,
расни, вишнеј, в љубов цветај - 
ко славејче пеј и летај!
Расти в јаве и во сонот, 
во ливада, крај бетонот... 
Но запомни: кај и да си - 
добра мисла да те краси! 
Зашто ти си - иден човек, 
помни го тоа довек! 

Ај, секому дај му рака, 
сакај го - да те сака, 
помагај колку е можно - 
со секого живеј сложно!

🎂 СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ИЛИНА! 🎂














ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

No comments:

Post a Comment

| Designed by Colorlib