Post Page Advertisement [Top]


MK: Кога природата се заљубила ги избрала најудобните свои утроби за да даде живот на најубавите емоции што некогаш ги почувствувала.
EN: When nature fell in love, she chose her most comfortable wombs to give life to the most beautiful emotions she had ever felt.


MK: Кога дошле на свет емоциите, природата им ги обезбедила најсигурните лулки и најтоплите прегратки за да можат да ја негуваат убавината што ја донеле на овој свет.
EN: When emotions came to life, nature provided the safest cribs and warmest hugs to nurture the beauty they brought to this world.






MK: Кога емоциите веќе се претвориле во преубави пеперуги, природата им рекла:

„ Драги чувства мои, го пружив најдоброто за да го направам овој свет поубаво место за живеење. Сега раширете ги крилјата и летајте насекаде низ целиот природен свет. Поздравете секое мало и големо цвеќе, влејте љубов во секое недопрено парче природа... и бидете украс на сета убавина што досега постоела.“

EN: When emotions had already turned into beautiful butterflies, nature told them: 

"My dear feelings, I have done my best to make this world a better place to live. Now, spread your wings and fly all over the natural world. Greet every small and large flower, instill love in every untouched piece of nature... and be an ornament of all the beauty that has ever existed."









MK: Но, една пеперуга имала поинаква цел од сите други – да ја оживее и мртвата природа со својата убавина. Сакала и во правливиот простор помеѓу прозорците да влее трошка живот...
EN: But one butterfly had a different purpose than any other - to revive the still life with its beauty. She wanted to instill a little life in the dusty space between the windows ...






MK: Почивај во мир убавино. Твојата мисија е успешна, природата е горда, а твојата убавина - вечна.
EN: Rest in peace beauty. Your mission is successful, the nature is proud and your beauty is everlasting.


 MORE INSECTS: | ПОВЕЌЕ ИНСЕКТИ: 


INSECTS 2018
INSECTS 2017 
                
                      



No comments:

Post a Comment

| Designed by Colorlib