Post Page Advertisement [Top]



Добровница или Дубровница е село во областа Славиште, се наоѓа во северниот дел на територијата на Крива Паланка.

 

Селото е од разбиен тип и постојат шест маала. Според народното предание селото постоело уште во XVII век. Било село од збиен тип и се наоѓало во близина на сегашните гробишта. Во селото имало црква. По задушувањето на Карпошовото востание селаните биле принудени да го напуштат селото и заедно со австриската војска се повлекле на север.

 

Подолг период селото останало без жители. Во втората половина на XVIII век во селото повторно почнало доселување. Најпрво е населена Речанска Маала (не се знае од каде се доселени). Потоа во Србиновци се населува едно семејство по потекло од Шумадија (Србија). Следува населување на маалото Бељаковци од кумановското село Бељаковце. Маалата Рашки Рид и Клинчарци се населени кон крајот на XIX век од соседното село Осиче, а во тој период е населено и маалото Гарваница од селата Осиче и Подржи Коњ. Денеска, според последниот попис од 2021, во селото живеат 69 жители. (изворВикипедија)


























ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:


Есен во Добровница, Крива Паланка 🇲🇰


Пролет во Добровница (2018)


Dobrovnica, Kriva Palanka (2017)

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib