Post Page Advertisement [Top]

 


Добровница или Дубровница е село во областа Славиште, се наоѓа во северниот дел на територијата на Крива Паланка.

 

Селото е од разбиен тип и постојат шест маала. Според народното предание селото постоело уште во XVII век. Било село од збиен тип и се наоѓало во близина на сегашните гробишта. Во селото имало црква. По задушувањето на Карпошовото востание селаните биле принудени да го напуштат селото и заедно со австриската војска се повлекле на север.

 

Подолг период селото останало без жители. Во втората половина на XVIII век во селото повторно почнало доселување. Најпрво е населена Речанска Маала (не се знае од каде се доселени). Потоа во Србиновци се населува едно семејство по потекло од Шумадија (Србија). Следува населување на маалото Бељаковци од кумановското село Бељаковце. Маалата Рашки Рид и Клинчарци се населени кон крајот на XIX век од соседното село Осиче, а во тој период е населено и маалото Гарваница од селата Осиче и Подржи Коњ. Денеска, според последниот попис од 2021, во селото живеат 69 жители. (изворВикипедија)



Од мојата овогодишна раноесенска посета, во продолжение погледнете фотографии од центарот на селото, природата, околината, нивите со зелка – она по што е и позната Добровница и Црквата „Свети Димитриј“.


️ Црквата била подигната во 1930 година на темели на стар храм. Долго време, црквата не била осветена. Се претпоставува дека стариот храм бил урнат од страна на Османлиите во 1689 година.


Ова село е и вечното почивалиште на бранителот Момир Стојановски, слава му. 🕊


#ГрадотСоВкусНаСимит




















































































ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:


Пролет во Добровница (2018)


Dobrovnica, Kriva Palanka (2017)

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib