Post Page Advertisement [Top]



Европската куќа, 2023-та ја именува како „година на вештините“. Во таа насока се случи и изложбата насловена ‘The New Face of Skills. YOUth perspective’ („Новото лице на вештините - младинска перспектива“).

Изложбата опфаќа портрети со пораки кои ги испраќаат младите личности од областа на медицината (СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка), гастрономијата (СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово) и електротехниката (ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово).

Фотографиите се мое дело, а пораките произлегоа од она што младите личности сакаа да го истакнат од полето кое го изучуваат.

Изложбата беше отворена на 12.05.2023г. на Градскиот плоштад во Крива Паланка, со посета на г-дин Штефен Худолин – шеф за соработка во Делегацијата за ЕУ. Со ова беше заокружена седмицата посветена на прославувањето на Денот на Европа.

Во продолжение погледнете ја изложбата, а ако сакате да видите дел од атмосферата од денот на отворање на изложбата, посетете ги фејсбук и инстаграм профилите на Europe House Kriva Palanka.  





















ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ:


МЛАДИНСКИ ПРИКАЗНИ - изложба во Крива Паланка


НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА - изложба во Крива Паланка

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib