Post Page Advertisement [Top]

 

На  16.05.2022г. во Крива Паланка се одбележа Денот на Европа со изложба насловена YOUth Stories / Младински приказни


Изложбата ја работев јас, фотографијата од мене е дело на Ѓорѓи Костовски, а јас сум автор на сите останати фотографии. Младите луѓе преку фотографиите испратија пораки за подобра и перспективна младост, застанаа против врсничкото насилство, ги акцентираа разликите како суперсили, побараа поквалитетно образование, апелираа за нега и почит на  уметностите и повикаа на мир и единство бидејќи сите ние сме различни, но сепак исти – сите ние сме луѓе.


Настанот беше посетен од заменик шефот на одделот за политички работи при  Делегацијата на ЕУ –  Феручио Бого и претставник од бугарската амбасада - Виктор Котев, како и градоначалникот на Крива Паланка – Сашко Митовски.

  

Сакам да искажам голема благодарност за поканата да се биде дел од овој настан, како и можноста и слободата што ми се даде да ја креирам оваа изложба.

Посебна благодарност до Благородна и Димитар од EU house Kriva Palanka и сите останати луѓе кои беа дел од самиот настан.


Доколку сте во можност, посетете ја изложбата или погледнете во продолжение визуелен приказ на истата.

















ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ:

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА - изложба во Крива Паланка

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib