Post Page Advertisement [Top]

 

21-ви март – Ден на пролетта, Светски ден на лицата со Даунов синдром и секако овој мартовски ден е и Светски ден на поезијата. По тој повод имаме и специјална објава – дарување поезија. Поетесата Маја Мојсова изрази желба да го прослави овој празник на поезијата така што ќе додели по еден примерок од нејзините збирки поезија насловени „Внесување (Ако љубовта не нè скрои)“ и „Далечина“ на петмина од вас. Ова подразбира дека петимна ќе добијат по еден примерок од двете збирки. Во продолжение прочитајте неколку детали од биографијата на Маја, а на крајот ве очекува нејзино обраќање и објаснување како да се вклучите во ова дарување.




БИОГРАФИЈА

Маја Мојсова е писателка и поетеса.


ИЗДАДЕНИ ДЕЛА:

·         Кохезија, колизија на човековата визија“ (2012, поезија на македонски и англиски јазик),

·         „Зен Верс“ (2014) - заедничка книга од четири автори,

·         Потоци.Стапки“ (кратки-кратки раскази, 2015), 

·         „Се смееме низ разговорите на ѕвездите“ (раскази, 2017),

·         „Внесување (Ако љубов не нѐ скроти)“ (поезија, 2019) и

·         „Далечина“ (поезија, 2019).


ЕЛЕКТРОНСКИ ОБЈАВЕНИ КНИГИ:

·         „Се смееме низ разговорите на ѕвездите“ (Фондација Македоника, 2016),

·         „Внесување (Ако љубов не нѐ скроти)“ (Фондација Македоника, 2016) и

·         „Потоци. Стапки“ (Фондација Македоника, 2016).

 

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓи кои ги издвојуваме:

·         Најчитана електронска книга - „Се смееме низ разговорите на ѕвездите“ - за месец август 2016 г. преку проектот на Фондација Македоника и УНЕСКО, за истата книга Прва награда „Прозна гравитација“ 2017 (НОВА – Битола);

·         Прва награда за необјавена песна за Денот на читателот 2017 во организација на Националната и Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје;

·         Награда „Гравитација 2015“ – (за книгата „Потоци. Стапки“) за прозна книга, што ја доделува Здружението за наука и култура НОВА – Битола и други.


Дел од нејзиното творештво е објавувано во зборници и литературни списанија, а учествувала на бројни литературни читања и манифестации во повеќе градови.

Авторката беше членка во поранешниот литературниот клуб „Григор Прличев“ – Охрид, а актуелна членка на Здружението за уметности Креативна верига – Охрид.



Маја: Поезијо, добредојде дома! И нека те има што повеќе во сечиј дом! Биди нечија радост; среќа; утеха; водилка; нечие палаво дете; нечиј горд родител, кој се поставува во улога на најдобар пријател, а не само авторитет; нечиј „соучесник“ во друштвени игри; нечие милениче... Само биди вистинската ти, биди чувар на јазикот, биди воскресение ако те негираат, биди поим за љубов. И затоа што те славиме на ист ден со пролетта, расцветај и вгнезди се дури и во најскриениот агол.

Почитувани читатели и љубители на поезијата, оние кои ќе имате можност да ги добиете за подарок моите книги, од срце ви благодарам за вниманието! И понатаму често посетувајте го блогот на Роберт Крстевски, уживајте во неповторливите уметнички и креативни содржини што тој ви ги подготвува и објавува, затоа што ретки се ваквите страници што шират топлина и убава енергија.

RK: Ти благодарам Маја, чест и задоволство ми е што на ваков начин го празнуваме овој ден.




ПОЕТСКО ДАРУВАЊЕ: За да бидете потенцијален добитник на двете горенаведени збирки поезија, под објавата на фејсбук страницата Robert Krstevski (facebook.com/robertkrstevski.blogspot.mk) напишете го вашето име и презиме. Дарувањто трае до петок 25.03.2022 23:59ч, а добитниците ќе бидат избрани по случаен избор во сабота 26.03.2022. Среќно читање поезија!🍀



ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

КП арт: Кирила Цветковска: „Професионализираноста на уметноста е еден вид на пандемија во денешниот свет

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib