Post Page Advertisement [Top]


Гостинка во ова специјално летно издание на #ТинЛексикон е Сара Николовска. Тинејџерката која во мај за првпат се појави на блогот токму во оваа рубрика, како омилено годишно време го наведе летото. Зошто токму најтоплиот период од годината го обожава најмногу и како ги поминува овие летни денови - Сара ни открива во продолжение.

1. Зошто баш летото ти е омилен период од годината? Летото го сакам заради многу нешта - нема училиште, имам доволно слободно време за другарување и уживање во сите благодети кои летото ги нуди.
2. Кој дел од летото ти е најомилен и зошто? Најомилен ми е крајот на јули поради мојот роденден.
3. Кои се предностите, а кои недостатоците да имаш роденден баш во сред лето? Предност е тоа што времето е убаво и можам роденденот да го прославам на отворено. Доколку во тој период сум на одмор,  можам да го прославам и на плажа. Како негативна страна може да се посочи тоа што може да се погоди поголем дел од пријателите т.е гостите на да се на одмор и да бидат спречени да присуствуваат на прославата.
4. Кој дел од денот во текот на летото го обожаваш најмногу? Вечерта.
5. А, како ги поминуваш жешките попладневни часови? Најчесто гледам филмови.
6. Можеш ли да издвоиш некои од последните филмови/серии што ги имаш погледнато? Hawaii, MacGyver...
7. Кои песни се најслушани на твојата летна плеј-листа? „Ова лето ќе се памти“ од Лозано и  „Горе или доле“ од ДНК.
8. Кога станува збор за лектирите, дали одвојуваш време и за нив во текот на летото? Да, последна ја прочитав „Милосија“ од Ката - Мисиркова - Руменова.
9. Омилен вкус на сладолед? Јагода.
10. Лубеница или диња? Лубеница.
11. Планина или плажа? Плажа.

12. Омилена дестинација за летување во Македонија? Дојран.

13. Омилено летување од досегашните? Игало, Црна Гора.

14. Во мајското издание на #ТинЛексикон спомена дека неостварена желба ти е одмор на Хаваите. Освен Хаваите, која друга дестинација би сакала да ја посетиш? Хаваите и само Хаваите.



Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib