Post Page Advertisement [Top]


           Скролајќи низ социјалните мрежи, наидов на објавата на Европа дека бараат „слатки спомени“, односно ретро пакувања од нивното слатко творештво од минатото. Веднаш ми светна идејата кога ќе одам кај баба ми да побарам кај неа, случајно да не има  некое старо пакување од производите на Европа. И така два-три дена ќе ја сретнев објавата на фејсбук или на инстаграм и ќе ми текнеше дека треба да побарам кај баба ми, да видам дали чува нешто. Еден ден отидов и во една чанта на тетка ми најдов многу книшки од бонбони. Ги издвоив оние со знакчето на Европа, ги фотографирав и објавив со хаштагот #РетроЕвропа
      

                                
    
                       По неколку дена се најдов на објавата со наградени учесници во оваа наградна игра. Подигањето на пакетите беше во самата фабрика, па така со мојот „златен билет“ (ретро пакувањата од бомбоните) и одењето во фабриката, на момент  успеав емоционално да се поистоветам со Чарли од „Чарли и чоколадната фабрика“ но за жал Вили Вонка не го запознав. Но и покрај тоа си заминав со пакет полн со слатки задоволства кои можете да ги погледнете подолу. 

👌 МИНТИ - Фондан десерт со вкус на мента



Дефинитивно мојот фаворит број еден од целиот пакет се овие мали „чоколадни менти“. Сигурно најсвежиот вкус на чоколадо што досега го имам пробано.


👌 ШЕРИ БОМБОНИЕРА И ЧОКОЛАДИ



         За овие производи беше очекувано дека ќе бидат во пакетот. Шери бонбоните стандардно со вкус на вишна. Од чоколадите - едната е со бадеми, другата со брусница.


👌 КРЕМ БАНАНИ



Крем бананите се класика кога станува збор за најпознатите производи на Европа, ако сакате да го погледнете процесот на нивното правење кликнете тука.


👌 БОНБОНИ, КАРАМЕЛИ И БАСТУМИ



Во пакетот се наоѓаа и три пакетчиња бонбони и едно пакетче карамели. Како мој фаворит ги издвојувам „Чоко Минт“ бонбоните кои се на некој начин тврда верзија на Минти (фондан десертот со вкус на мента).


Кога станува збор за бастумите со вкус на јагода, на официјалната страна на Европа - evropa.com.mk може да прочитате интересни факти за овие лижавчиња во форма на бастуми.


Цитат од нивната официјална страница: 
  „Единствени сме на Балканот во производство на бастуми и дневното производство изнесува 120.000 парчиња, а вкупниот капацитет - 200т годишно.     Легендата за бастумчињата вели дека формата на бастумчето ја симболизира првата буква “Ј“ од името на Јesus (Исус), белата основа ја симболизира безгрешноста и невиноста на неговиот живот, а црвените шари на бастумчето ја симболизираат крвта при неговото распнување...Затоа бастумчињата се многу популарни и се продаваат за време на Божиќ (особено во католичките земји)... Се верува и дека некогаш бастумчето било скриен симбол на Христијанството...“

👌 НАПОЛИТАНКИ, ЛОКУМИ И ДРУГИ ЧОКОЛАТЦА






Со овие вкусни нешта ја завршуваме оваа слатка експедицијата.
Доколку сте веќе стрвни веднаш упатете се до најблискиот маркет и засладете се со некој од производите на Европа. 


За крај, сакам уште еднаш да искажам голема благодарност до фабриката и вработените за оваа слатка награда.

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib