June 27, 2018

Turtle | Желка



Двете најпознати карактеристики кои ги поврзуваме со желките се бавниот начин на движење и долгиот животен век. Неодамна сретнав една желка, го искористив моментот да ја фотографирам и се надевам дека ви се допаѓаат фотографиите. 
Уште кога бев мал, баба ми ми раскажуваше приказна како настанала желката. Приказната вели дека си бил еден татко чија жена починала,  тој бил печалбар и не можел да се грижи за својата ќерка па се оженил со друга жена која си имала и своја ќерка. Таткото бил на печалба и не бил сведок на случувањата кои се случувале во неговиот дом. Маќеата својата ќерка ја чувала и пазела а другото девојче го терала да работи и ден и ноќ - да носи вода од бунарот, да пере облека во реката, да меси леб, да носи дрва, да го кладе огнот и да ги извршува сите останати домашни обврски. Една вечер, додека девојчето месело леб и' се смачило од постојаната потчинетост и се помолило на Господ да ја спаси од сите маки. Па така Господ ја претворил во желка - ноќвата (дрвено корито за месење леб) и' станало оклоп, тарунот (тркалезна штица за месење леб) се претворил во подлога на оклопот а на рацете девојчето имало траги од тестото и тие се претвориле во рапавите површини кои ги прекриваат рацете на желката.

 Погледнете го и видеото:

                                 














0 comments:

Post a Comment

Copyright © RK | Designed With By Blogger Templates
Scroll To Top