Денес е 14-ти февруари, некои ја празнуваат љубовта, некои виното, а некои и
двете.
2. МОТЕЛ „МАКЕДОНИЈА“
3. ХОТЕЛ „ТУРИСТ“
Свадбите отсекогаш биле
најголем синоним за празнување на љубовта. Месеци претходно на секој детал се
обрнува внимание, возбудата расте од ден на ден, младите стануваат се понестрпливи,
а старите се понапорни. Свекрви, баби, тетки, вујни, стрини – сите помагаат и
кажуваат што „бивало“ и што „не бивало“, кои обичаи морало да се испочитуваат,
а што никако не требало да се прави.
Меѓусебе си распределуваат обврските која стрина ќе се погрижи за
декорација, која тетка ќе направела од колачите што младоженецот многу ги
обожавал, која ќе пакува дарови во светкав бугарски целoфан ...
Младите се преокупирани со избор на венчаница
– дали да се шие или да се оди до Куманово, Скопје или пак Ќустендил и да се
види дали ќе се најде бел фустан што ќе и’ се допадне на идната невеста. За костум – лесна работа, младоженецот може и во Паланка да си најде, но
подобро би било да си купи во некој од околните градови, еднаш се прави свадба
во животот. Колебање на колку спрата да
нарачаат торта од кај Бебо или сепак да се доверат на соседката која прави
торти по нарачка. Дали „стојадинката“ која ја имаат да биде невестински
автомобил или сепак да ги прашаат братучедите од странство дали ќе им го
отстапат нивниот автомобил да биде невестински, бидејќи нели важно е да не е
толку познат низ градските улици. И
додека свекрвата напомнува на снаата да не заборави да
напише покана и за соседите од родното село на покојната мајка на свекрвата,
младоженецот веќе договорил музика и камерман. Останува уште фризура, шминка и
милион други важни и неважни детали што требаат да се „исчешлаат“ пред датата испечатена во поканите. Покрај датата,
времето и фамилиите, во поканата пишува
и местото каде ќе се прослават првите стапки на лудиот камен на младиот пар. Тука
најчесто има три опции - мотел
„МАКЕДОНИЈА“, хотел „ТУРИСТ“ или ресторан „КАРПОШ“ (Ловечки).
Сигурно не постои кривопаланчанец што барем еднаш во животот не бил на некоја свадба во споменатите објекти. Денес, ништо повеќе не е исто. Ниту еден од трите објекти не работи, но спомените на првите кренати наздравици во името на судбоносното „ДА“, сигурно сѐ уште живеат во сеќавањата на паровите што токму на овие места запловиле во брачните води. Во продолжение погледнете фотографии од овие објекти од денешна перспектива. Доколку ве трогне носталгија, веднаш побарајте ги фото-албумите и видео-касетите со најубавите свадбени спомени на вас, вашите родители или блиски роднини. Среќен празник! На здравје!
Сигурно не постои кривопаланчанец што барем еднаш во животот не бил на некоја свадба во споменатите објекти. Денес, ништо повеќе не е исто. Ниту еден од трите објекти не работи, но спомените на првите кренати наздравици во името на судбоносното „ДА“, сигурно сѐ уште живеат во сеќавањата на паровите што токму на овие места запловиле во брачните води. Во продолжение погледнете фотографии од овие објекти од денешна перспектива. Доколку ве трогне носталгија, веднаш побарајте ги фото-албумите и видео-касетите со најубавите свадбени спомени на вас, вашите родители или блиски роднини. Среќен празник! На здравје!
1. РЕСТОРАН „КАРПОШ“ (ЛОВЕЧКИ)
Како што имам пишано во
објавата за ТРО „КАРПОШ“...
„На страна на тоа, Карпош беше многу повеќе од фабрика, едно време бевме во загуба и земавме 70 % плата, одевме на неплатен одмор, но годините кога имаше добри резултати земавме и вишок /бонус/. Секој од својата плата даваше по илјада тогашни динари да се купи инвентар за кујната во фабриката. Дававме пари да се изградат разни објекти во Крива Паланка како училиштата, Ловечки, игралиштето, да се реновира базенот...“
Од таму ресторанот го носи името „КАРПОШ“, но кај кривопаланчани е познат
под името „ЛОВЕЧКИ“. Денес, објектот е во најлоша состојба од гореспоменатите
три.
2. МОТЕЛ „МАКЕДОНИЈА“
На самиот излез од центарот на Крива Паланка се наоѓа „МОТЕЛОТ“. Како што
можете да видите, објектот е во фаза на реновирање.
3. ХОТЕЛ „ТУРИСТ“
Во центарот на градот се наоѓа „ТУРИСТ“. Објектов исто така не е во функција веќе
неколку години.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
ТРО „КАРПОШ“ - ехото на Крива Паланка |