д-р Марија Крстевска, заедно со
д-р Ангела Марковска и студентката
по медицина Глорија Стојковска
ја презентираа кампањата
„Петарди не, безбедноста пред сѐ“
пред учениците од прва година
во СОУ „Ѓорче Петров“ од
Крива Паланка.
Д-р Марија Крстевска: „Посебно ми е чест што по вторпат сум дел од кампањата на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а оваа година ни се приклучи и Министерството за внатрешни работи, заедно да ја подигнеме свеста за импликациите на пиротехнички средства.
Да ја избереме радоста наместо повредата, да славиме одговорно и да се заштитиме себеси и нашите најблиски. Со тоа што велиме не на пиротехниката, велиме да за поздрав почеток на годината. Заедно да ја направиме безбедноста приоритет и најголем императив во нашето однесување за време на новогодишните празници.
Ви посакувам безбедна и среќна Нова Година!“
Пораки со кои се фотографирани учениците:
- НАД 150 000 ЛУЃЕ ВО
СВЕТОТ СЕКОЈА ГОДИНА ОСТАНУВААТ ИНВАЛИДИ ПОРАДИ
УПОТРЕБА НА ПЕТАРДИ!
- ОД КОИ 80% СЕ ДЕЦА!
- ОКОЛУ 5000 ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ГОДИШНО УМИРААТ
ОД СРЦЕВ УДАР ПРЕДИЗВИКАН ОД ПУКАЊЕ ПЕТАРДИ!
- ГЛАДНИТЕ ЖИВОТНИ МОЖЕ ДА
ПОМИСЛАТ ДЕКА ТОА Е ХРАНА!
- ПОКАЖИ ИМ ЉУБОВ И
ДОБРИНА, НЕ СТРАВ И СМРТ!
- ЗАШТИТИ ГИ ЖИВОТНИТЕ!
- ЗАШТИТИ СЕ И СЕБЕСИ!
- НЕ ФРЛАЈ ПЕТАРДИ!