Post Page Advertisement [Top]



Минатиот септември Фросина Стојчевска се појави на блогот за да ни објасни што всушност претставува квилинг техниката. Овој пат таа ќе не воведе во светот на една друга уметност насловена како – string art, односно техника на дизајнирање со конец. Во продолжение ни се обраќа Фросина за да ни го долови процесот на креација на едно вакво дело, а доколку пројавите желба вакво парче уметност да го краси вашиот дом слободно можете да се обратите на Фросина преку нејзината фејсбук страница.


Фросина: String art е уметност која се карактеризира со ковање на шајки (клинчиња) на дрвена подлога кои подоцна се испреплетуваат со конец во боја. Оваа техника во минатото била користена за математички цели, а подоцна е популаризирана како декоративен занает во доцните 1960-ти години. Со овој тип на уметност се занимавам активно веќе неколку месеци. Идејата за да започнам со string art ја добив гледајќи фотографии и видеа на интернет кои ми помогнаа да ја проучам самата техника.



Фросина: Процесот на изработување на едно дело трае во зависност од големината на подлогата и формата што се изработува, но најчесто пет-шест дена па и подолго. Дрвото може да го исфарбате во боја или да го излакирате со безбоен лак. Секој тип на дрво има своја уникатност која може да ви даде дополнителна испирација за изработката на избраната дрвена подлога. Јас практикувам да ги лакирам само со безбоен лак за да ги искористам шарите кои самата природа ги создала на дрвената подлога. За да изработите нешто во string art потребни ви се: клинчиња, чекан, клешти, било каква дрвена подлога која е лесна за ковање на клинчињата и конци во боја со различна дебелина.


Фросина: Првиот чекор е лакирање на дрвото или фарбање во посакуваната боја. На лист хартија ја исцртувате формата што сакате да ја изработите и листот го поставувате врз дрвото, потоа започнувате со ковањето. Подоцна се вади хартијата и следува испреплетувањето на конецот. Во продолжение погледнете фотографии од самиот процес на изработка и неколку готови дела.






готови дела:












Фросина: Изберете хоби кое ќе ве исполнува и смирува додека работите. Со секоја следна изработка поставувајте си предизвици и работете бидејќи само така може да напредувате и да се усовршувате. Вложениот труд и време еден ден ќе ве натера да се гордеете со самите себе.


ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

КП арт: Вештините на квилинг техниката
[со Фросина Стојчевска]


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib