Post Page Advertisement [Top]


RK: Денот на вљубените е следниот месец, но не треба да се празнува љубовта само еден ден во годината, нели? Затоа ние продолжуваме да ја славиме љубовта, овој пат со Нина и Петар. Двојка која ужива во љубовта снимајќи интересни видеа за TikTok. Погледнете, прочитајте и уживајте!

RK: Дали верувате во љубов на прв поглед и дали вашата љубов започна баш со првиот поглед?
П: Да, верувам.
Н: И јас исто така верувам, но не мислам дека нашата љубов се случи токму на првиот поглед. Петар ме освои со неговиот шарм, динамичност, смислата за хумор и бура од романтични потези.
RK: Што прво забележавте кај партнерот/ката? Со што ве освои?
П: Начинот на однесување и можеби стилот на облекување.
Н: Ме освои со џентлменското однесување, насмевката, убавото тело и нежните пораки.
RK: Што според вас е најважно за една врска?
П: Посветување на внимание на  другиот партнер.
Н: Разбирањето и компромисот.
RK: Што најмногу ве нервира кај другиот партнер?
П: Паниката, хипохондријата...
Н: Брзи и бурни реакции.
RK: Кои се квалитетите на другиот партнер?
П: Има свој став, отворена е за било каков разговор и подготвена за предизвици.
Н: Стил, интелигенција, снаодливост, креативност...
RK: Кој повеќе прави компромиси?
П: Таа.
Н: Јас, хах.
RK: Како дојдовте до идејата да почнете да снимате TikTok видеа?
П: Идејата беше моја, најмногу заради забава.
Н: Да, негова беше идејата. Уживаме во реализирање на секоја идеја што можеме да ја реализираме.
RK: Излегување или останување дома?
П: Останување дома.
Н: Излегување.
RK: Кино или театар?
П: Театар.
Н: Кино.
RK: Книга или филм?
П: Филм.
Н: Филм.
RK: Комедија или хорор?
П: Двете, но ако мора да бирам – комедија.
Н: Комедија.
RK: Чај или кафе?
П: Кафе.
Н: Кафе.
RK: Плажа или планина?
П: Двете, но ако мора да бирам – плажа.
Н: Плажа.
RK: Пирсинг или тетоважа?
П: Тетоважа.
Н: Тетоважа.
RK: Бакнеж или прегратка?
П: Двете, но ако мора да бирам – прегратка.
Н: Бакнеж.
RK: Пари или љубов?
П: Паа и двете, но секако поважна т.е најважна е љубовта.
Н: Се согласувам со Петар.
RK: Романтични песни (музика)  или романтични поеми (поезија)?
П: Музика.
Н: Романтична музика.
RK: TikTok или Instagram?
П: TikTok, се разбира.
Н: TikTok.








@azzary1 Support her everywhere❤️ #foryou #love #fyp #foryoupage #viral nina.taskova
♬ Stereo Hearts - Alex G and Derek Ward

RK: Неостварена желба:
П: Ги има многу, но се надеваме дека сите ќе ги оствариме една по една.
Н: Еден ден да се видам како фотомодел.
RK: За вас љубовта е...
П: Нина ❤
Н: За мене љубов е кога Петар е секој втор збор од мојот речник.

RK: Ви благодарам многу дечки, ви посакувам љубовта да ве грее засекогаш.







@azzary1 Which one? 1 , 2 or 3? #photomagic #foryou #foryoupage #loveyou #edit Thanks for 100.000 likes❤️ nina.taskova
♬ Can We Kiss Forever? - Kina

УШТЕ #ЉУБОВ:

Деценија љубов со Моника и Дарко

БЛОЖИЌ #35 - Божиќ со Клаудија и Никола

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib